Средба на претседателот Пендаровски со Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, амбасадорот Елчин Амирбајов, во контекст на македонското претседателство со ОБСЕ, ги нагласи заложбите на нашата држава за мирно решавање на конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот Нагорно Карабах и изрази поддршка за сите напори што водат кон мир и за иницијативите што го олеснуваат дијалогот.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можноста за унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.


Претседателот Пендаровски го изрази интересот на нашата држава за интензивирање на економската соработка со Азербејџан, особено во областа на енергетиката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK