Средба на претседателот на државата Пендаровски со Сарацин, специјален пратеник на Владата на Сојузна Република Германија

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

На средбата се разговарало за процесот на европските интеграции на земјава, состојбите во регионот на Западен Балкан и пошироко, како и за актуелните политички случувања во Северна Македонија.


Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, тој изразил очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во пристапување на земјава кон Европската Унија, посочувајќи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

Претседателот Пендаровски ja поздравил значајната улога на Сарацин, како специјален пратеник на германската сојузна Влада за земјите од Западен Балкан, што е уште една потврда за нивната посветеност на регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK