Средба Битиќи – Габриел: Изградбата на пругата на Коридорот 8 е од исклучително значење за земјава и за регионот

bitiki grabiel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со Бјорн Габриел од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во земјава. Битиќи ја истакна важноста за изградбата на пругата на Коридорот 8 како исклучително значајна за нашата економија, но и за земјите од регионот и ја потенцираше потребата од финансиското заокружување на овој проект.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата, Битиќи и Габриел направија преглед на тековните подготовки за продолжување на инвестициската и советодавна поддршка која ЕИБ и ја дава на  Македонија, но и за дополнителната програма за инвестиции и техничка помош од 100 милиони евра за македонските мали и средни претпријатија која е во почетната фаза и која може веднаш да биде активизирана штом го одобри Собранието.


Габриел го информираше вицепремиерот Битиќи и за подготовките за последната делница од железничкиот коридор VIII/исток кои сега влегуваат во завршна фаза.

Битиќи и Габриел на состанокот потенцираа дека соработката меѓу ЕИБ и Владата на Македонија е од конкретна корист за развојот на  Македонија, бидејќи  како долгогодишен партнер на земјата, ЕИБ има инвестирано околу 1,1 милијарди евра во Македонија од 1991 година, главно да ја поддржи клучната транспортна инфраструктура и да помогне да се обезбеди снабдување и безбедност со енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK