Спасовски: Геноцидот во Сребреница претставува пораз на високите цивилизациски вредности

srebrenica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Никогаш да не се повтори!“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил потсетувајќи дека денеска одбележуваме 28 години од едно од најголемите злосторства против човештвото, против слободниот демократски свет – геноцидот над цивилно население во Сребреница, Босна и Херцеговина, во кој беа убиени над 8.000 луѓе.

– Како држава сме ориентирани кон европските идеали на соживот, меѓусебна почит и солидарност. Во нашето општество нема простор за национализам, особено оној од екстремен вид кој продуцира војни. Геноцидот во Сребреница претставува пораз на високите цивилизациски вредности и останува како потсетник за злото кое демне во секоја војна, но и за обврската со силна осуда да се бориме против истото! Одлучни сме да градиме свет во кој владее пријателството, хуманоста и меѓусебната соработка и почит, за заедничко и подобро утре. објави Спасовски на фејсбук.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK