Рамадани на Јавниот форум на НАТО во Вилнус

nato
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Евро-атлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани ќе учествува на Јавниот форум на НАТО 2023 во Вилнус, Литванија, што НАТО го организира во соработка со Центарот за студии за Источна Европа, Германскиот Маршалов фонд на САД, Минхенската безбедносна конференција и Атлантскиот совет.







Форумот, како што информираат од Евро-атлантскиот совет, е дводневна експертска конференција која има за цел да промовира подобро јавно разбирање за политиките и целите на НАТО и одлуките што треба да бидат усвоени на Самитот во Вилнус, преку дијалог и ангажман со единствена и разновидна група засегнати страни, од шефовите на држави/влади и министрите, до меѓународните безбедносни експерти, креаторите на мислење и политики, академици, новинари и млади луѓе, во серија панел-дискусии, дебати и интерактивни сесии на различни теми од агендата на НАТО.

Шефовите на држави и влади на НАТО денеска и утре ќе се сретнат во Вилнус Литванија, на Самитот на НАТО, во чиј фокус се предизвиците за сегашната безбедносна состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK