Шаќири од Тетово со порака стручното образование да биде избор на полуматурантите

shakiri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Да испратиме порака до полуматурантите добро да размислат каде ќе продолжат да се едуцираат и да ги насочиме нивниот избор да биде средно стручно образование. Тоа е иднина, тоа го бара пазарот на трудот и овозможува поголема веројатност за натамошни успеси на личен и професионален план.

Ова денеска го порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири при посетата на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово во пресрет на претстојните уписи на 20 јуни.


-„Моша Пијаде“ се трансформираше во Регионален центар за стручно образование, еден од трите вакви центри во државата што ги основаме во изминатите неколку години кои понудија осум нови квалификации што компаниите навистина ги бараат, нови профили кои се достапни за младите. Тука се – машински техничар со моторни возила и електротехничар за компјутерска технологија и автоматизација. Наставата се спроведува преку концептот на дуално образование односно учениците добиваат повеќе практична настава и учат преку работа за сметка на теоретската настава што значи нивна добра подготовка и стекнување на потребните вештини и компетенции кои ќе ги направат конкурентни на пазарот на трудот, истакна министерот.

Тој потсети дека за учениците во стручните училишта има и поддршка од државата.

– Апелирам до оние кои го завршуваат деветто одделение во цела држава и овде во полошкиот регион да се фокусираат на стручно образование со правилна одлука да обезбедат можност за добра иднина. Ние како Министерството ќе ги поддржиме со доделување на стипендии од вкупно 1500 стипендии кои се дел од конкурсот за ученички стипендии за оние што се запишуваат за дуалното и воопшто во средно стручно образование, истакна Шаќири.

На новинарско прашање дали ќе се реконструираат објектите на училиштето кои се меѓу најстарите во Тетово, министерот посочи дека веќе има одобрен проект.

– Веќе има апликација за тој одобрен проект и комплетна документација која во претходниот период недостасуваше за да биде комплетна во постапка за одобрување за реализирање на јавна набавка. Очекувам, нашиот краен рок, 2024 година, целосно да се реконструира, не само еден објект туку неколку објекти во ова училиште. Освен тоа да се опреми и со нова опрема што ќе биде достапна за практична настава, најави министерот.

Тој направи обиколка на училиштето и разговараше со учениците кои во моментот имаат натпревар во видеоигра преку која создаваат нов лик на училишниот објект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK