Реакција на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски

sdsm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска се единствените виновници за хаосот што му се случува на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска немаат капацитет ниту да менаџираат еден мост, а не пак цел град кој заедно го втурнаа во финансиска пропаст.


Штитејќи ја Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ која го има мнозинството во Советот на Град Скопје и во управните одбори на јавните претпријатија не дозволи да се расправа за актуелната финансиска состојба на градот.

Град Скопје денес е со блокирана сметка и е пред банкрот само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска.

И добро би било некој да му каже на Наум Стоилковски дека за време на изборите неговиот шеф Мицкоски ја промовираше Арсовска како најдобра менаџерка, дека Арсовска победата ја славеше токму во Белиот дворец, каде е и работното место на Стоилковски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK