Претставници од Норвешка го пренесоа своето искуство за дигитализација на судството

NORVESKA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претставници од Норвешка кои го презенираа моделот на дигитализација во судството, како и карактеристиките и перформансите што треба да ги има системот на нашата држава.

-Целосната дигитализација на судството ќе овозможи брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање документи, обезбедување оптимални услови за вршење на судската и јавнообвинителската функција, се наведува во соопштението на Министерството за правда.


Дигитализацијата и интероперабилноста, како што е посочено во соопштението, ќе придонесат да се зајакне довербата на јавноста и заштита на системот, побрза правда, намалување на корупцијата, ќе го олесни доставувањето на докази и документи, намалување на трошоците на судските постапки, како и намалување на бројот на одложени судења и нула хартија. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK