Претседателот Пендаровски го посети центарот Една точка за услуги (ЕТУ) во Куманово

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во општина Куманово, каде што присуствуваше на промоција на нови е-услуги во центарот „Една точка за услуги (ЕТУ)“, информираа од кабинетот на претседателот.

На настанот беа промовирани услугите за издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварени плати и надоместоци – (уверение за стаж) и издавање на извод од компјутерски запис – образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување. На промоцијата на новите е-услуги во центарот „Една точка за услуги (ЕТУ)“ во Куманово присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.


Претседателот Пендаровски имаше можност да ги искористи услугите во центарот од каде што му издадоа уверение за стаж и М1/М2 образец.

– Претседателот порача дека овој проект, чија цел е да овозможи ефикасни, брзи и достапни услуги, ќе им го олесни животот на граѓаните и претставува исчекор кон создавање јавна администрација како вистински сервис на граѓаните, соопштија од кабинетот на претседателот на државата.

Една точка за услуги (ЕТУ) е проект на Министерството за информатичко општество и администрација чија цел е да ги соедини сите државни институции и да го поедностави пристапот на граѓаните до институциите и услугите коишто ги нудат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK