Петровска во посета Вермонт, ќе биде одбележан 30-годишниот јубилеј од партнерството меѓу Армијата и Националната гарда на Вермонт

petrovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се во заедничка посета на Националната гарда на Вермонт.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во Вермонт свечено ќе биде одбележан 30-годишниот јубилеј од партнерството помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, која има силно значење и огромен, позитивен придонес за трансформација на македонската Армија.


– Тридецениското партнерство со Националната гарда на Вермонт има суштински придонес во развојот на капацитетите на Армијата на Република Северна Македонија. Преку можноста за воено образование и обука во капацитетите на Националната гарда на Вермонт, нашите припадници се стекнаа со практични вештини директно од Вооружените сили на САД. Околу 5.000 припадници на македонската Армија поминале низ процес на обука и тренинзи на Националната гарда на Вермонт, значајно подигнувајќи го нивото на обученост и достигнувајќи ги НАТО стандардите, се вели во соопштението.

За време на посетата на сојузната држава Вермонт, Петровска ќе оствари средба и со гувернерот на Вермонт Фил Скот, со командантот на Националната гарда генералот Грегори Најт, претседателот на универзитетот Норвич генерал мајор Марк Анарумо, а ќе го посети и тренинг полигонот Итан Ален.

Министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски на воениот полигон Итан Ален ќе ја проследат заедничката вежба на македонските војници од четата за Атомска биолошка и хемиска одбрана и Националната гарда на Вермонт, а ќе ја посетат и воздухопловната база на националната гарда на Вермонт и Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK