Петровска во посета на извидниците во кампот на извидничка смотра под мотото „Достигни ги височините“ во Крушево

izvidnici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчеравечер во Крушево го посетила кампот на Сојузот на извидници на Македонија кои деновиве под мотото „Достигни ги височините“, ја организираа 13. Македонска извидничка смотра на која учествуваа околу 800 извидници од 16 држави.







На младите извидници и љубители на природата, министерката Петровска им честитала што ги негуваат извидничките вредности и градат свет без предрасуди, стереотипи и дискриминација, а на претставниците на Сојузот на извидници на Македонија им порачала дека Министерството за одбрана ќе продолжи да ги поддржува активностите кои ги промовираат здравите животни навики и вредности.

– Ова искуство од вас како младина направи сложни извидници, кои знаат да ја ценат својата традиција, култура и кои меѓу своите врсници ќе ја прошират пораката за важноста на заштита на природата. Мене како министерка за одбрана ми е драго што со логистички придонес на Армијата на Република Македонија бевме дел од оваа ваша незаборавна авантура, рекла Петровска, соопштија денеска од МО.

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија ја поддржале организацијата на 13. Македонска извидничка смотра, чија програма има за цел да ги научи младите љубители на природата за различни животни вештини, целите за одржлив развој, културата и традицијата.

На 13. Македонска извидничка смотра учествувале над 800 учесници од 16 држави, кои во Крушево и околината имаа можност да стекнат нови извиднички вештини и знаења, но и да се запознаат со природните убавини и традиции на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK