Петровска: Набавката на возилата од САД се одвива согласно планот

петровска
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Набавката на возилата од САД за Армијата се спроведува согласно диманичниот план, пристигнати се на пристаништето во Солун и ќе бидат испорачани во касарната во Штип, информираше денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнувањето на активностите за мултинационалната вежба „Брз одговор 23“.

– Набавката на возилата од САД се одвива согласно планот, имаше некое мало одложување на испораката, меѓутоа тие се веќе пристигнати, 26 чинам возила се наоѓаат на пристаништето на Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија. Истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип каде се наоѓа Баталјонот со којшто практично тие ќе бидат опремувани и се разбира во текот на годината ќе следува и друга испорака. Таа е повеќегодишна, како што е со динамичниот план предвидено, а тоа е во неколку години последователно да бидат испорачувани, изјави министерката Петровска.


Таа најави дека штом ќе пристигнат, во текот на јуни годинава, јавноста, медиумите ќе имаат можност да ги видат, дополнувајќи дека се исти како претходните добиени минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK