Паранојата на Мицкоски за светски заговори го покажува очајот во ДПМНЕ

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Паранојата на Мицкоски во однос на некакви светски заговори јасно го покажува очајот во антиевропската ДПМНЕ.

Прво зборуваше за некакаква бугаризација и асимилација, за губење на јазикот, па кога тие лаги потонаа, се префрли на бугарски диктат.


Откако стана јасно дека не може да се зборува за никаков бугарски диктат, на Мицкоски за неговиот неуспех му се виновни Европа и светот, па ја смени реториката и зборува за светски заговори и притисоци врз него и неговата партија.

Пласирање тези дека постои светска завера во ниту еден случај не им оди во прилог ни на граѓаните, ни на државата.

Станува збор само за очајот во ДПМНЕ и фрустрациите на Мицкоски, кои се далеку од реалноста.

Македонија во овој период има огромна поддршка од меѓународната заедница и има пријатели како што никогаш до сега немала. Тоа им е јасно на сите, освен на Мицкоски.

Реториката на Мицкоски против ЕУ и против НАТО, е иста како на неговиот претходник Никола Груевски, која ќе ја остави Македонија уште најмалку 11 години во изолација.

(извор: соопштение, СДСМ)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK