Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир ќе присуствуваат на панел-дискусијата во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик.