Османи: Потврда на идентитетските атрибути и на ниво на членки на ЕУ, почнува од Бундестагот

osmani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека резолуцијата за државава, што според најавите задутре ќе ја усвои Германија, е само почеток во веригата од такви документи за потврда на идентитетските атрибути, покрај во Преговарачката рамка, дополнително и на ниво на одделни држави.

На новинарско прашање, дали МНР е во комуникација со други европски држави за таква поддршка, Османи денеска посочи дека активности во таа насока се почнати уште по усвојувањето на Преговарачката рамка, а конкретниот резултат почнува од Бундестагот.


-Нашата акција со земјите членки е почната уште од денот кога е усвоена Преговарачката рамка. Таа комуникација е непрекината цело време и со задоволство можам да кажам дека почнува од центарот на Европа, почнува од Берлин, од Бундестагот, кадешто политичките партии без никакви дилеми и тешки разговори носат Резолуција со која не само ги потврдуваат идентитетските атрибути и тоа што ЕУ веќе го потврди во Преговарачката рамка, меѓутоа еве дополнително на ниво на држави земји членки на ЕУ. Се разбира, ова е само почетокот, не можам во оваа фаза да ги најавам и другите, сепак е покоректно тоа да го направат самите земји. Ова е само почеток на една верига на такви резолуции во кои ќе биде потврдено тоа што е во Преговарачката рамка во смисла на јазик, идентитет итн, рече Османи.

Тој на прес-конференција Во МНР го најави третото издание на Преспа форум дијалогот, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Струга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK