Ново ортофотоснимање на земјишните парцели за поефикасна контрола на мерките на МЗШВ

nikolovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ново ортофотоснимање на сите земјишни парцели во државава ќе се спроведе во текот на следниот месец. Ортофотокартите од ова снимање се основен извор на геопросторни податоци што ќе дадат моментална и најнова слика на целокупниот терен. Со новите снимки и примената на новиот моделот за контрола на Платежната агенција, меѓу другото, се очекува да се елиминира можноста за користење субвенции од државата за необработено земјиште.







Последното ортофото снимање е извршено во август 2017 година преку ИПА, а за новото се обезбедени 26 милиони денари од државниот Буџет. Досега четирипати е направено авионско снимање, кое според европскиот просек треба да се прави на секои три години.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Љупчо Николовски, по потпишувањето на Договорот за новото ортофотоснимање, истакна дека овие снимки се еден од методите кои ќе и помогнат на Платежната агенција во новиот модел на вршење контрола што почнува годинава.

Ќе се ажурираат податоците за сите рефернтни земјишни парцели, со што точно ќе може да се утврди употребата на земјиштето. Пријавувањето, пак, за финансиска поддршка ќе може да се врши само за парцелата на којашто е утврдена употреба за земјоделска дејност на тоа тоа земјиште.

Платежната агенција има можност уште во процесот на поднесување на барањата да врши административни проверки за големината на пријавената површина и за добиениот код за употреба на земјоделскто земјиште. На овој начин, нагласи Николовски, даваме можност да се намали ризикот од пријавување за финансиска поддршка на земјиште што не е обработено, што е во согласност со новиот модел и новите политики на субвенционирање.

-Новите ортофотоснимки претставуваат и основа за успешно извршување на контролите од страна на Платежната агенција коишто од годинава почнуваат со користење на најнови сателитски далечински методи. Користењето на новите ортофотоснимки заедно со новиот моедел на контрола од Платежната агенција елиминира можности за користење финансиска поддршка за земјиште што не се обработува, рече Николовски.

Тој очекува значително зголемување на ефикасноста при контрола на сите мерки поврзани со површините. Најавува дека со најновите снимки на земјоделските површини ќе бидат ажурирани и податоците на референтните парцели во нашиот систем со што би се намалиле можните грешки при поднесување на барањата по површина, а истовремено би се забрзало и одобрувањето на исплатата.

-Новите ортофотоснимки се неопходна и за надградување на системот за контрола со новиот модел мониторинг за следење на сите земјишни парцели преку сателитски снимки. На овој начин нашето земјоделство го усогласуваме со заеднилчката земјоделска политика на ЕУ, рече Николовски.

Како што појасни, значењето на ортофотоснимките е огромно, пред се, за водење и ажурирање на регистрите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и при управување и креирање земјишната политика во овоштарството, поледелството, лозарството, управувањето со државното земјоделство земјиште, како и во делот на шумарството и водостопанството.
Новите дигитални ортофотокарти што ќе бидат изготвени ќе најдат примена и во геодезијата, катастарот, урбанизмот, заштитата на животната средина,кризниот менаџментм, одбраната на државата..

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK