Николовски ќе учествува на националниот штанд кој ќе се претстави на меѓународниот саем Bellavita во Чикаго

nikolovski 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе ја предводи македонската делегација, која за прв пат учествува на реномираниот меѓународен саем Bellavita во Чикаго.







Северна Македонија, како што информираат од МЗШВ, за прв пат има свој национален штанд на саем во Америка. Единствени од Европа, заедно со Италија и Шпанија сме учесници на овој реноиран саем.

-На саемот учествуваме со седум домашни винарии Тиквеш, Стоби, Сопот, Венец, Иземит, Камник и Далвина, презентирајќи го убавото македонско вино. Очекуваме успешна презентација на нашето убаво вино, повеќе директни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на македонското вино во Америка, информираат од МЗШВ.

Министерот Николовски во рамки на посетата во САД ќе оствари средба и со македонската заедница, како и повеќе средби со претставници на земјоделскиот сектор на САД. Во Вермонт министерот Николовски ќе оствари средба со комесарот од одделот на шумарство на Вермонт, потоа ќе оствари посета на млечна фарма на Stony Pond.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK