МЗШВ: Исплатени близу 224.4 милиони денари дополнителни субвенции кон 3.821 корисник, за градинарски култури

mzsv
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата за дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за градинарските култури предадени во преработувачките капацитети, до 3.821 корисник во износ од близу 224.4 милиони денари.

Како корисници на оваа подмерка, соопштија од МЗШВ, се јавуваат земјоделските стопанства, кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерка 1.4 на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук, директно, или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и производените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделските производи.


Висината на директните плаќања, се додава, изнесува три денари по килограм за сите градинарски култури.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK