Министерството за образование и наука изработи најбитни безбедносни препораки за образовниот процес, рече денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, при неговата работна посета на Кавадарци.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој информираше дека Министерството за образование и наука изработи најбитни безбедносни препораки за образовниот процес, тие ќе се дискутираат на седница на Влада во вторник. Министерот рече дека некои од училиштата и самите имаат постапено по едни такви препораки.
– Една од препораките ќе биде стручниот кадар од училиштата, да соработува со стручните лица од центрите за социјални работи, заеднички да бидат во контакт со учениците и нивните родители. За сите, да можат да проценат што е ризик во одреден момент, соопшти Шаќири.