Министерката Тренчевска учествува на Меѓународната конференција на трудот во Женева

ministerstvo-za-trud-i-socijalna-politika
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Женева, Швајцарија учествува на 111-тата Меѓународна конференција на трудот, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.

Како што информираат од МТСП, секоја година во јуни, оваа конференција ги собира трипартитните делегации од 187 земји-членки на Организацијата.


Делегацијата на Република Северна Македонија, ја предводи министерката Тренчевска и согласно правилата на МОТ, делегацијата е составена од два делегати на Владата и по еден претставник од репрезентативниот синдикат на национално ниво и претставник на репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво, кои се и членови на Економско – социјалниот совет.

Делегацијата на Република Северна Македонија на оваа конференција, учествува на втората, пленарна недела на конференцијата.

На Меѓународната конференција на трудот, планирано е и обраќање на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK