Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар утре во официјална посета на Македонија

musar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.







Претседателката Пирц Мусар ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Словенија.

Во рамки на посетата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK