Меџити: Ќе дисперзираме кадри од Клинички низ цела држава

medziti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ќе дисперзираме кадри од Клинички центар низ целата држава, најави министерот за здравство Фатмир Меџити, по денешната презентација на апликацијата „Мое здравје“.

– Не, нови вработувања ќе има. Дефицит на кадар има низ цела држава, посебно средно медицински кадар и ние настојуваме во договор со МФ и со Фондот за здравство, ова веќе да почне да се имплементира и да се случи да има нови вработувања. Значи насекаде имаме дефицит на средно медицински кадар, подвлече тој, одговарајќи на прашањето дали ќе нема нови вработувања.


Тој беше прашан и зошто за нашите македонски доктори, поатрактивно е да заминат и да работат во Хрватска, Словенија, Германија и во други земји.

– Ние преземавме многу мерки досега, сме во комуникација со штипскиот, скопскиот и со тетовски факултет за медицина, па и за фармација, за стоматологија ќе стапиме во контакт, ќе направиме една програма. Кога ќе бидат овие студенти шеста година, да се знае точно од кое место доаѓа, од кој град доаѓа и кое ќе му биде работното место во иднина, информираше Меџити меѓу другото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK