Маричиќ: Подготвени сме за работни групи со опозицијата за имплементација на идејата за уставните измени

maricik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека премиерот Димитар Ковачевски имал јасна позиција и понуда до опозицијата – веднаш да се гласа за потребата за отворање на Уставот, потоа да се формира и Влада во која ќе учествува и опозицијата, а потоа да се доврши процесот на уставните измени и да се заврши скрининг фазата.

-Денеска опозицијата некако ретерира од ставот дека е за уставните измени за разлика од вчера. Ние сме подготвени уште веднаш да се формираат работни групи и тимови како да се имплементира оваа идеја, кажа денеска Маричиќ на настанот „Аудиториум“, во организација на Институтот Бирц, на УЈИЕ во Тетово.


Тој додаде дека власта е подготвена да иницира и закон за преговорите со ЕУ, за сите да имаат сигурност дека нема да се задира во идентитетот.

-ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја одбие понудената рака за соработка, ние уште денес би стапиле во комуникација дали може да се продолжат средбите, не мора да се на највисоко ниво, туку средби на какво било ниво. Понудената рака е великодушна од сите партии, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема причина да не гласа за уставните измени кои ни се толку многу потребни, истакна Маричиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK