Ковачевски: На следната владина седница ќе ги повикам МЕПСО да ги образложат деталите околу назначувањето на ИКТ директорот

vlada_453454353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека на следната владина седница ќе го повика МЕПСО да ги достави сите детали околу назначувањето на директорот на ИКТ секторот, кој пред три години заминал од компанијата и зел отпремнина.

– Ќе ги повикам на следната седница на Влада да ги покажат сите детали и доколку не е според закон, а лицето работело на друго место, веќе зело отпремнина и се вратило, тогаш треба да ја врати отпремнината бидејќи продолжува да работи во истата компанија, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот објект на полициската станица во Аеродром.


Во однос на листата на производи за кои ДДВ ќе биде зголемено од пет на 10 проценти, Ковачевски рече дека таа е веќе доставена до коморите на разгледување, а во наредните денови ќе биде објавена и на веб страницата на Министерството за финансии.

– Со оглед на тоа дека голем број од производите кои се од луксузен карактер, а беа ставени со повластена ставка од пет проценти, како што се најскапите видови морска храна, некои посебни типови на кашкавал и сирења кои се носат од Франција или Италија, се одлучи да се прошири даночната база и наместо на пет да бидат на 10 проценти. Тоа е повторно повластена стапка бидејќи стапката на ДДВ е 18 проценти, рече Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK