Ковачевски: Дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна политичка партија

kovachevski 22
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Oваа Влада, успеа во она што беше недостижно досега, успеа да сврти нова страница на историјата и за прв пат по 15 години на иста маса со синдикатите и со сите засегнати, заеднички најде одржливо решение за платите во јавниот сектор, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.  – Новиот Општ колективен договор за јавниот сектор, кој денеска беше потпишан во Владата е победа за работниците и е резултат на успешните преговори и нашиот отворен дијалог со синдикатите, објави премиерот.  Вработените во јавниот сектор од септември оваа година ќе добијат 10 проценти повисоки плати и исплата на регрес за 2023 година во износ од 10 илјади денари, којшто ќе биде исплатен до крај на годината.







[Потпишување Општ колективен договор]  – Од март 2025 ќе се спроведува нова Методологија на плата. Во новиот Општ колективен договор предвидовме исплата на минимум К-15 во износ од 30 отсто од просечната нето плата. Заеднички со синдикатите дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна политичка партија и сега и во иднина!, напиша премиерот Ковачевски на фејсбук.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK