Каевски: За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ

kaevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради неспособноста на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски Скопје со денови буквално се дави во ѓубре.







Преполни контејнери, нехигиена и диви депонии.

Погледнете зад мене, каде што шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски даваше изјава во Радишани.

Купови смет, во близина на детска градинка, трговски центар, среде населба.

Еколошка катастрофа која може да стане извор на зарази.

Ова што Мицкоски и ДПМНЕ им го направија на скопјани и на Скопје е срамно и тажно во исто време.

Секогаш, ама секогаш кога ДПМНЕ ќе добие глас од граѓаните да биде власт се случува хаос.

Градоначaлниците на ДПМНЕ во Скопје се најнеспособната локална власт досега.

Мицкоски ги излажа Скопјани, бараше гласови за Арсовска и ја промовираше за „најдобра менаџерка“ и „вистинска мајка“ и тој е директно одговорен за ова што се случува.

Наместо модерно Скопје како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, на главниот град му приредија уште една катастрофа.

До толку се неспособни градоначалниците на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски, со едно ѓубре не можат да излезат на крај.

Какво модерно Скопје, каков развој. ДПМНЕ и Мицкоски го претворија Скопје во депонија.

Хаос имаше и со градскиот превоз, нема проекти, нема развој, ДПМНЕ од Скопје направи нечист, загаден и нефункционален град.

Одговорноста е директно кај шпицниот Мицкоски и неговите кадри од ДПМНЕ.

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK