Груби – Терлецки: Да се искористи моментот за членство во ЕУ

grubi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија да го забрза процесот на интеграција и уставни измени за да ги  продолжи преговорите за членство во ЕУ, порача денеска потпретседателот на Сејмот, Ришард Терлецки на средбата со првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Како што соопшти Кабинетот на Груби, соработката меѓу двете земји, процесот на уставните измени и патот на евроинтеграциите, беа дел од разговорот на средбата со полската делегација.


Двајцата соговорници оценија дека билатералната соработка меѓу нашите две земји е одлична и има простор за уште поголемо интензивирање.

Груби ја поздрави поддршката на Полска за интегративниот пат на земјата, додека Терлецки ја потврди поддршката за полноправно членство на Македонија во ЕУ. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK