Груби оствари средба со францускиот амбасадор, Бомгартнер

grubi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Борбата против корупцијата и организираниот криминал, процесот на уставни измени, скринингот, реформите што се прават за европската интеграција, како и француските инвестиции во обновливите извори на енергија со целосна владина поддршка, биле темите на кои разговарале на денешната средба првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер.

– Борбата против корупцијата и организираниот криминал остануваат приоритет на Владата и ги повикуваме сите граѓани, медиумите, граѓанското општество да се приклучат во акциите за осудување на злоупотребите, но и пропагандата и лажните вести. Ветингот како процес на прочистување ќе придонесе за кредибилитетот на личностите во судството и политиката, се наведува во соопштението од Секторот за медиуми и односи со јавноста во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.



Груби и Бомгартнер разговарале и за скрининг- процесот што е во тек со ЕУ, како и за иницијативата за уставните измени, како неопходност да се продолжи кон следниот чекор за членство во Европската Унија.

Што се однесува до евроинтеграциите, како што соопштија од Кабинетот на  првиот потпретседател на Владата, амбасадорот ја потврдил поддршката на Република Франција за нашата земја, додавајќи дека преговарачката рамка се одразила и во новата методологија на ЕУ заедно и со мобилизацијата на сите домашни институционални капацитети.

Груби и амбасадорот Бомгартнер разговарале и за француските инвестиции во обновливите извори на енергија со целосна владина поддршка, во рамки на договорот постигнат во ЕУ за двојно зголемување на процентот на извори на енергија во вкупната потрошувачка како што се ветерот и сонцето на 42,5 проценти до 2030 година од актуелните 22 проценти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK