Грковска: Високо ја цениме австриската поддршка во процесот на пристапување кон ЕУ

грковска
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменичката на претседателот на Владата на Република  Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа средба со делегацијата на пратеничкатата група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Македонија, која е во дводневна посета на земјава.







Грковска, како што соопшти нејзинио Кабинет, се заблагодари за поддршката која земјава ја добива од пријателска Австрија и нагласи дека градењето блиски релации помеѓу парламентите на двете земји е од големо значење, затоа што тоа води кон поголема соработка во сите други области.

Членовите на австриската парламентарна група за пријателство истакнаа дека целта на нивната посета е да искажат поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ и да се информираат за текот на реформите кои се поврзани со оваа цел. Се разговараше и за потребата од донесување на уставните измени, како клучен чекор за продолжување на патот до полноправно членство во Унијата.

Пратениците изразија интерес за улогата на Кабинетот за добро владеење, кој првпат се воспостави со формирањето на актуелната Влада. Во таа насока, вицепремиерката Грковска информираше за надлежностите и активностите поврзани со борбата против корупцијата, јакнењето на транспарентноста и ефикасноста на институциите и дигиталната трансформација на општеството. Таа се осврна и на реформите во администрацијата и почитувањето на Етичкиот кодекс од страна на носителите на функции, а се разговараше и за актуелните состојби во правосудството.

Осврнувајќи се на сите овие предизвици, вицепремиерката Грковска истакна дека во година која е клучна за европските интеграции во земјата, секој чинител во државата треба да е свесен за својата одговорност во процесот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK