Димитриевски: Мора да ги засилиме нашите капацитети, последниот случај во Србија потврдува дека уште сме далеку од целосна превенција на општеството

dimitrievski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почитувани,







Градоначалници, претставници од локалната и централна власт, како и претставници од невладини организации и здруженија од општините Куманово, Прилеп, Гостивар, Тетово, Струмица и Кисела Вода оваа недела се состануваат во Куманово за да ги зајакнат политиките, програмите и структурите во Северна Македонија предводени од општините во справувањето со омраза, екстремизам и поларизација. Настанот се одржува под покровителство на Мрежата на силни градови во партнерство со Општина Куманово.

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во изјава за медиумите потенцираше дека општината учествува на овој проект повеќе години и има изградено локален тим во заедницата којашто работи на овие теми.

„Факт е дека мора да ги засилиме нашите капацитети, бидејќи последниот случај во соседна Србија само потврдува дека сме уште далеку од целосна превенција на општеството од вакви несакани појави. Евидентно е дека постои булинг во училиштата, ќе мора истиот да се превенира, а за сето тоа е потребно многу повисоко ниво на интероперабилност и взаемна соработка на институциите на локалните и централните власти. Еден од главните заклучоци всушност се тие суштински и системски пропусти, финансирањето на единиците на локалните самоуправи за да може да ги изгради дополнителните капацитети професионалците да можат да се занимаваат со овие проблеми“, рече Димитриевски.

Раководителот на Регионалниот хаб за Западен Балкан на Мрежата на силни градови, Милош Богичевиќ истакна дека прикажувањето добри практики и учењето едни од други ја зајакнува соработката меѓу цивилните тела и органите за спроведување на законот.

„Разбирањето на заканите на ниво на заедницата овозможува насочени стратегии водени од заедницата да се справат со овие предизвици. Ајде да ја искористиме оваа можност да размениме идеи, да споделиме успеси и да создадеме трајни партнерства во борбата против омразата и екстремизмот“, изјави Богичевиќ.

Учесниците на работилницата ќе разговараат за заканите, ќе споделуваат превентивни практики базирани во заедниците, како и зајакнување на соработката помеѓу цивилните тела и безбедносните структури. Дискусиите, исто така ќе се фокусираат на ангажманот на граѓанскиот сектор и младите, зачнувањето на планирање на локални активности и подобрување на координација и споделување на информации.

Мрежата на силни градови е активно вклучена во поддршката на напори предводени од градовите со повеќе засегнати страни во Северна Македонија, усогласени со Националната стратегија за борба против насилен екстремизм на земјата. Работата на Мрежата на силни градови во Северна Македонија е поддржана од Стејт департментот на САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK