Димитриевски: Две години финансиски ги поддржуваме занаетчиите во Куманово, должни сме да ги негуваме и чуваме традицијата и културата

kum 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска присуствуваше на настанот „Свечено субвенционирање на старите занаети и саем за мало стопанство во Куманово, во организација на Регионална занаетчиска комора и Фондација за развој на мали и средни претпријатија, а со поддршка од општината. На овој настан беа доделени субвенции на претставници на старите традиционални занаети, благодарници и плакети од страна на организаторите.

Пред присутните се обратија градоначалникот Димитриевски, претседателот на Занаетчиска комора во земјава и претседател на Регионалната занаетчиска комора Куманово, Агрон Фазлији и претставници од организаторите.


Во своето излагање, Димитриевски информираше дека пред неполни 2 години започнала соработката со регионалната занаетчиска комора за поддршка за занаетчиите во Куманово.

„Минатата година, општина Куманово додели на секој занаетчија во градот субвенција од 10 илјади денари симболичен износ којшто имаше за цел да ги стимулира лично и нив, и дополнително да ги стимулира останатите градови во државата да го следат тој тренд. Оваа година, издвоивме по 15 илјади денари од занаетчија, а сега при посета на оваа манифестација констатиравме со претседателот на комората дека од следна година треба да размислуваме и за финансиска поддршка на занаетчиските старт-апи коишто се иницијатива за младите луѓе што доаѓаат од средните училишта, по примерот на средно техничко и средно економско училиште коишто се претставени на овој саем со прекрасни ракотворби. Занаетчиството значи традиција, ние сме должни да ја негуваме традицијата, што се однесува до простор и сувенирница којашто е најавена сè уште општина Куманово води постапка за ослободување на постоечките локали од фирмите коишто со години ги користат, а дел од нив сега во моментов ги има урузпирано. Како ќе бидат ослободени тие деловни простори со одлука на советот еден од тие простори ќе биде наменет за сувернирница која ќе биде финансирана од страна на општината, а здружението на занаетчии и регионалната занаетчиска комора ќе има свој простор кадешто ќе може да ги истакне сите свои ракотворби што ќе имаат одредена цена и ќе можат граѓаните и од нашиот град и од другите градови кои ги посетуваат да си купат одредени сувенири, ракотворби кои се ценети во овој момент“, рече Димитриевски.

Претседателот на Занаетчиска комора, Фазлији изјави дека со оваа активност се дава пример како треба во општината да се одржува и негува културата и традицијата, односно старите занаети.

„Денеска по втор пат во Куманово се даваат субвенциите за старите занаети и многу сум среќен дека нашиот град поттикнува и други градови, односно нашите субвенции имаат домино ефекти во цела Македонија. Се радуваме дека ова се случува во нашиот град, даваме пример како треба во нашата општина да се одржува и негува културата, традицијата, односно старите занаети. Моментално работиме со локалната власт, со градоначалникот во таа насока да имаме просторија кадешто ќе се продаваат нивните продукти и во скоро време општината ќе даде соодветно место кадешто ќе се продаваат македонски производи од сите ракотворци во Куманово. Имаме регистрирано десет занаетчии, ова е поттик да се регистрираат и неформалните занаетчии се со цел да добијат ваква помош и да бидат повидливи“, посочи Фазлији.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK