Работилница за дефинирање на приоритетните сектори и мерки за адаптација и ублажување на климатските промени во Куманово

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Куманово денеска се одржа консултативна работилница за дефинирање на приоритетните сектори и мерки за адаптација и ублажување на климатските промени за општината.







На работилницата, професори и експерти ги презентираа резултатите од проценката на климатските ризици и ранливости на општината за секторите: водни ресурси, шумарство, земјоделство, здравство и економски развој. Оваа работилница е дел од проектот ЕУ за енергетска транзиција, спроведуван од страна на GIZ во Западен Балкан и Централна агенција за управување со проекти (CPMA) од Турција.
Како дел од овој проект е потпишан и меморандум за соработка, според кој е формирана локална работна група за подготовка на акциски план за одржлива енергија и клима (АПОЕК) со релевантни лица од општината и локалните институции.

Во рамки на процесот на изработка на планот за одржлива клима и енергија на Општина Куманово, се изработија и анализите на климатските ризици, ранливоста и инвентарот на стакленички гасови на Општина Куманово. Во моментов се работи на идентификација на приоритетни мерки за климатска адаптација и ублажување/митигација, кои ќе бидат дополнително анализирани во процесот на финализација на планот за одржлива клима и енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK