Бесими: Усвоените измени на законите за експропријација и за стратешко партнерство за побрза и поефикасна реализација на стратешките проекти

besimi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поефикасна и навремена реализација на градбите што се од стратешки интерес за државата е целта на измените на Законот за екпропријација и Законот за  утврдување на Јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија, кои денеска беа усвоени во Собранието на Р Македонија.

Двете законски решенија се во насока на забрзана реализација на сите стратешки проектите и нивно реализирање во пократок временски рок, а кој ќе значат и пониски трошоци. Станува збор за законски измени кои не се прават наменски за овие два проекта, туку се измени кои ќе се применуваат за сите стратешки проекти од јавен интерес.


Станува збор за законски решенија коишто ќе важат за сите проекти, не само за инфраструктурата на автопатските делници од Коридорот 8 и 10д и истовремено регулираат материја која се однесува на заштита на правата на граѓаните загарантирани со Устав. Не станува збор за новини, туку прецизирање на постојните законски одредби кои досега не можеа да  се применуваат во пракса и ја одолговлекуваат реализацијата на проектите“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Измените во Законот за експропријација се однесуваат на поедноставување на постапката за доказот за обезбедени средства за надомест за експроприраната недвижност во постапката за експропријација, се олеснува и забрзува процесот на експропријација за целите на изградба на објектите од стратешки интерес, односно предвидено е во случај кога сопственикот живее односно врши дејност, како и во случај на бесправни градби кои се предмет на експропријација, а во кои физички лица живеат, да се исплаќа соодветна закупнина со цел да им се овозможи побрзо напуштање на објектите предмет на експропријација, со цел за поголема ефикасност на реализирање на проектите кои се од стратешки интерес. Исто така, измените овозможуваат подобра примена во пракса на законот и ќе се однесуваат за сите проекти што ќе се реализираат во иднина.

Во насока на забрзана и непречена реализација на проекти од јавен интерес и зголемена ликвидност на Буџетот и зголемен економски раст се измените и во Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница  на  автопатот Прилеп– Битола) во  Република Македонија, а кои се насочени кон намалување на трошоците на добра и услуги за цели на проектот за изградба на Коридите 8 и 10д како и забрзана реализација на истиот.

Двата проекта значат заокружување на инвестициите на Коридорите 8 и 10  и воспоставувње целосна функционалност и одржување на добрата кондиција на патната инфраструктура, а со тоа земјата ќе се позиционира како неизбежна транспортна рута и дел од европските коридори. Ова е дел од транспортните политики на државата кои се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија. Стратешка определба усвоена во Националната транспортна стратегија 2018-2030.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK