Азир Алиу по повод Денот на Европа: На овој ден ги славиме мирот и единството во Европа

den na pobedata
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денот на Европа е датумот кога беше направен првиот чекор кон создавањето на она како ЕУ или Европската Унија, порача министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и го честита роденденот на ЕУ.

Тој преку порака на социјалните мрежи посочи дека на овој ден се слават мирот и единството во Европа.


-Тоа е денот кога оживеа убавиот сон на Европската Унија, еден од најинспиративните проекти на современата цивилизација. Денес, на Денот на Европа, сме уште посвесни за важноста на најголемиот политички проект на мирот и обединувањето околу вредностите кои гарантираат соживот помеѓу народите на нашиот континент, напиша тој. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK