Алијансата за Албанците реагираше во врска со процесот за избор на ректор на Универзитетот во Тетово, кој што, според АА, бил под влијание, контролиран и оркестриран за да се избере на оваа функција преферираниот кандидат на Вулнет Ахмети и кланот на криминалот и корупцијата.
Според АА, овој процес, иако на почетокот изгледал демократски, со повлекувањето на тројцата кандидати, тој завршил автократски. Оваа автократија, велат од АА, дојде како последица на двегодишните неправилности, постојано кршење на законите од страна на вд ректорот, сенатот и претседателот на сенатот, кои направија рокада, и овие прекршоци ги потврди и просветниот инспекторат.
-Повлекувањето од трката на другите тројца кандидати за ректор, со образложение дека имало разни притисоци кои го загрозуваат слободниот академски натпревар, претставува преседан. Од друга страна, реакциите на канцеларијата за односи со јавноста при УТ (читај следбеници на нивниот омилен кандидат) беа типични како оние на ДУИ и во иста линија, бидејќи се едно, велат од АА.
Според АА, не смее да се тоелрира да овој Универзитет, кој претставува национална вредност за нашиот народ, изграден со крв и пожртвуваност, да се претвори во приватна компанија на поединци или групи блиски до политичките партии, кои за свои лични интереси го заробиле Универзитетот и го третираат како личен имот. Времето на султанати завршило. Црната листа на Соединетите Американски Држави не е целосна без нив.
Настојчиво бараме Министерството за образование и наука да преземе итни мерки, бидејќи има законска обврска да интервенира. Од 25 мај, УТ е без ректор. Затоа уште еднаш го повикуваме министерот Јетон Шаќири итно да именува в.д. Тој вд ректор ќе мора да го рестартира процесот за избор на нов ректор од нула. Во меѓувреме треба да се разрешат сите членови на сенатот и проректорите.
„Раководството на УТ честопати беше осомничено за нетранспарентност и корупција, последниот случај беше кога за време на пандемијата беше откриено дека овој Универзитет потрошил милиони денари за многу намени кои немаат никаква врска со академскиот и научниот процес. Со прикривањето злоупотреби од страна на назначениот администратор на УТ и манипулацијата со уплатите за семестар (се вели дека надминуваат 200.000 евра) станаа соучесници во делото. Надлежните органи не реагираа ниту кога беа објавени информации за плагијат од страна на професорите, особено на Медицинскиот факултет, немаше реакција ниту кога се отркија семејните врски (непотизмот) на поранешните ректори, вклучително и непотизмот на членовите на семејството и пријателите на сопственикот на УТ цели 11 години – актуелниот претседател на сенатот Вулнет Амети“
„Во целата оваа ситуација која го избледе имиџот на УТ, освен Вулнет Ахмети, одговорна е и ДУИ, која како дел од власта, не само што не ги спречила овие појави, туку често ги штитела и продолжува да ги штити. Тие што ја заробија автономијата на тетовскиот универзитет се токму Вулнет Амети и неговиот клан заедно со ДУИ. За тоа говорат фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.
„Време и момент е да се врати гордоста и достоинството на овој угнетуван Универзитет. Во УТ има примерни студенти, академски и административен кадар кои чесно и посветено ги извршуваат своите должности. Време е Универзитетот да работи самостојно и да ја исполнува неговата мисија, подигнување на квалитетот и рангирање на заслужени места. УТ им припаѓа на студентите, нивната иднина, а не на вечните Ректори ниту на кој било политички субјект.
„При подготовката на законот за ветинг, како АА ќе додадеме и ветинг за ректорите, проректорите и деканите, како и конфискација на имотот доколку не се во можност да го докажат потеклото на имотот и богатството“, велат од АА.
Алијанса за Албанците