(Видео) Митева: СДС и ДУИ со години ја уништуваат Македонија декларирајки вредности кои не ги почитуваат

marija25082023.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ковачевски и СДС не се за ЕУ, туку за криминал, корупција и крадење, истакна на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.


Со Ковачевски и СДС, како што вели, Македонија е се подалеку од ЕУ.

„Додека зборуваат за интеграција, всушност прават криминал и корупција, кога зборуваат за реформи, всушност го ставаат судството и обвинителството под партиски канџи.

Додека лажно се пропагираат за европски фронт, инфлацијата во Македонија е помеѓу најголемите во Европа, цените на храната секојдневно се зголемуваат. Само во последните неколку недели има зголемување и по неколку пати на одредени производи, кои се дел од основната исхрана на граѓаните.

Со СДС Македонија има највисок буџет до сега, но најсиромашни граѓани. Долгот на државата е над 8 милијарди евра, што е речиси двојно повеќе од пред СДС да дојде на власт“, вели таа.

Иако СДС ја задолжи Македонија за нови 3.7 милијарди евра, нема ниту една нова капитална инвестиција, додава Митева, граѓаните се организираат и преку СМС пораки за донации за лекување во странство на болните, а болните од ретки болести молат за терапија.

„Повеќе од 6 години власта не може да ги доврши проектите како Клиничката болница во Штип, го раскина договорот за Клиничкиот центар во Скопје, 6 години веќе поминаа, а секој месец одредена категорија на граѓани болни од одредена болест штрајкуваат за некој во власта да се смилува и да набави терапија, што практично е обврска за власта, а не прашање на нивната милост.

6 години СДС ја задолжува Македонија, 6 години Македонија се мачи да преживее, а народот моли за лекови. 6 години СДС ја злоупотребува ЕУ лажно декларирајќи вредности, кои не ги почитуваат, а за применување не станува ниту збор.

6 години Македонија е се подалеку од ЕУ. Почитувани, со секој месец со СДС и ДУИ на власт уште повеќе Македонија се оддалечува од ЕУ. Затоа потребни се избори за промени“, оценува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK