(Видео) Џафери тврди дека не прекршил Деловник на седницата за менување на Уставот

Screenshot-2023-08-21-at-13.15.33.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собранискиот спикер, Талат Џафери, тврди дека не го прекршил Деловникот со тоа што не дозволи гласање на седницата за уставни измени. Тој кажа дека не се цитираат членови од Деловникот до крај, а кои се однесуваат на процедурата, се со цел да се прикаже поинаква слика. Според него, нема никаков проблем во водењето на седницата.


„Чуството за одговорност кон граѓаните е поводот за оваа прес-конференција, а не да враќам на тие кои ги знаат овие процедури. Тенденцијата за погрешно информирање, ме наведе да се објаснувам пред граѓаните. Седницата беше свикана за 18 август, според глава 5 од Деловникот. Таму се регулира свикувањето, текот на седницата и сите чекори. Врз основа на тие постапки, отпочната е седницата, усвоен е дневниот ред, отворен претрес, одржан претрес и завршен претрес со констатанција дека претресот е завршен, како и дека ја прекинувам седницата, а за продолжението дополнително ќе бидат пратениците известени. Ова произлегува од член 81 од Деловникот, кој сакам целосно да го цитирам, а не делумно како што тоа го прават во јавните настапи: ‘Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата кога нема мнозинство и во други случаи кога тоа е неопходно’. Ова е ставот врз основа на која е прекината седницата“, кажа Џафери.

Потоа цитираше друга одредба, според кој, времето на продолжување на седницата може да го одреди сам тој, бидејќи тоа му го овозможува Деловникот.

„Јас констатирав дека претресот е завршен. Тоа врз основа на член 81 од Деловникот. А дека пратениците знаат по кој основ се прекинува седницата, докааз е фактот што пред говорот на Јован Митревски, на процедурално се укажва на наводно можна злоупотреба на Деловникот со прекинување на дебатата. Од каде знаеле дека прекинува? Тоа значи дека по координациите, јас како претседател на Собранието, не се спуштам само на седница туку имаат сознанија како ќе тече седницата“, додаде Џафери.

Тој ја цитираше процедуралната реакција на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од друга страна, кога веќе се зборува за злоупотреба, нека се преиспитаат сите тие што до денес три години од овој мандат, има незавршени седници во Собранието, бидејќи во роковите пропишани во Деловникот, не се одржуваат комисиски седници, за да се завршат пленарните“, додаде Џафери.

Претходно, имаше обвинување од Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK