Стефковски: Со засадување 5000 дрва и посаквме добредојде на пролетта

433104516_438442455234342_7349433060386415799_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод почетокот на пролетта, општина Гази Баба спроведе акција за засадување на 5000 нови садници дрва на територија на општината.


Денес, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со ученици од општинските основни училишта засадија нови дрва во месноста Раштак.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук.

„Заедно со учениците од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба со традиционалниот марш под мотото “Пешачиме за мир, соживот и толеранција” и посакавме добредојде на пролетта.

Ја продолживме акцијата за засадување на нови садници и засадивме борови дрва со што се реализираше големата акција за засадување на 5000 нови садници дрва на територија на општината, а по повод почетокот на пролетта.

Дополнително ЈКП Гази Баба во соработка со сите основни училишта и градинки на територија на општината спроведе акција за садење на нови садници во нивните дворови.

Заштитата на животната средина е еден од приоритетите на мојот мандат. Преку организацијата на овие настани нашата цел е на најмладите жители на општината да им создадеме навика за грижата кон животната средина. Од срце за нашата Гази Баба!“, напиша Стефковски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK