Во Собранието за денеска се закажани седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за прашања на изборите и именувањата.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи јавна расправа на тема „Ревидирање на нормативната рамка, системската реформа за правда на децата која ќе обезбеди комплементарност на законите и нивна успешна имплементација во пракса“.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, утврдување предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.