Седница на собраниските комисии за европски прашања и за политички систем

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за европски прашања.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог законите за изменување на законите за финансиска дисциплина и т за финансиските друштва, како и Предлог законот за парничната постапка, Предлог законот за вештачење и Предлогот законот за нуспроизводи од животинско потекло, сите во второ читање.


Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, пак, ќе дискутираат за Годишниот извештај ва работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2022 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2022 година, годишните извештаи на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2022 година. Исто така и извештаите за работата на Советот на јавните обвинители, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2022 година, на Агенцијата за администрација за 2022 година, на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2022 година, на Инспекцискиот совет за 2022 година, како и Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2022 година до 31.12.2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK