„Започнаа градежните работи на најголемиот инфраструктурен проект во државата од осамостојувањето досега, изградбата на коридорите 8 и 10д“, велат од СДСМ.
„Со реализација на инвестицијата од 1,3 милијарди евра Северна Македонија станува главна крстосница на Балканот, се поврзуваме кон запад и исток, со пристаништата во Драч и во Бургас.
Покрај зголемената безбедност и подоброто поврзување, изградбата на коридорите 8 и 10д носи економски придобивки за македонските компании.
Институциите предводени од СДСМ остануваат силно посветени на изградба на безбедна и модерна патна инфраструктруа во државата“, соопшти СДСМ.