– Tеренските активности на СДСМ под слоганот „Рамо до рамо, до победа“ денеска продолжија во општините Центар, Босилово, Карпош, Зелениково, Могила, Штип и Бутел.
Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи од Бутел порача дека власта го штити стандардот на сите граѓани, дека инфлацијата паѓа, како и дека се враќа евтината тарифа на струјата.
– СДСМ секогаш носи прогрес, демократија и економски развој. Преку одговорните и ефикасни мерки успеваме и во време на криза да ги намалиме трошоците за живот. Од следниот месец, цената на електричната енергија за домаќинствата од првиот и вториот блок се намалува за 7,04, односно за 4,09 отсто. Повторно паѓаат во вода шпекулациите на ДПМНЕ дека нашите сограѓани ќе плаќаат најскапа електрична енергија во регионот и дека се можни рестрикции во снабдувањето. Од друга страна, се враќа и евтината тарифа на струјата, имаме и силен пад на инфлацијата. Со нашите економски политики успавме да влијаеме и стандардот на граѓаните да го заштитиме и пост кризно да се враќа во нормала. Сето ова за нас е дополнителен мотив да продолжиме да работиме уште повеќе посветено во интерес на сите граѓани, рече Битиќи.
Во општина Зелениково беше Оливер Спасовски кој пред присутните истакна дека сите политички чинители имаат одговорност и обврска да ја обезбедат европската иднина на државата.
-Сите политички чинители имаат одговорност кога е во прашање иднината на земјата. Даваме простор и шанса ДПМНЕ да останат на јавно искажаниот став и да се вклучат во процесот. Ние заедно со сите коалициски партнери ќе направиме сѐ, за да ја искористиме оваа шанса, државата да продолжи напред и да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година, посочи Спасовски.
Според генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ кој беше во Центар, СДСМ досега, во рамки на „рамо до рамо“, реализира 980 средби со граѓани за три месеци.
-Слушнавме многу искрени и добронамерни забелешки, добивме бројни сугестии, предлози, но и критики. Внимателно ќе ги анализираме и ќе делуваме. Од забелешките, предлозите, критиките ќе извлечеме поуки и ќе преземе акција да ги промениме. Визијата на СДСМ за европска иднина, за членство во ЕУ сега, што ќе значи признаен и за век и навек обезбеден македонски јазик и идентитет, вграден во мозаикот и рамноправен со државотворните народи на Европа е заедничка визија со нашиот народ. Немаше дел од татковината каде не добивме гласно ДА. Граѓаните го разбираат моментот, го знаат значењето. Ние имаме историска можност, шанса, која нема повторно да ја добиеме, како народ и како нација, да станеме членка на ЕУ со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет. Таа шанса мора да ја искористиме. Во името на нашите деца, внуци, во името на подобрата иднина на следните македонски генерации. Оваа визија за Европска Македонија треба да биде замаецот за македнонското општество, рече Зечевиќ, а со него во Центар беше и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулевски.
На маалска средба со граѓаните на Карпошт беше Коста Начевски, координатор на Скопски регион.
Како дел од караванот „Рамо до рамо, до победа“ денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска беше на средби со граѓаните од општина Могила.
– Пред нас е период во кој имаме шанса да им обезбедиме европска сегашност и иднина на нашите граѓани, тука во својата татковина. Да ја искористиме шансата сите, да донесеме одлука за ЕУ, затоа што тоа е одлука за доброто на државата, порача Лукаревска.
Заменик претседателката додаде дека и ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса да се приклучат на процесот и макар еднаш да направат државнички потег, потсетувајќи дека токму СДСМ ги има реализирано клучните стратешки и државни успеси досега.