Мора да има одговорност за аферите за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ, се вели во соопштение од СДСМ.
-Градоначалниците на ДПМНЕ се фатени со рацете во моедот, со купување поскапи машини за неколкупати повисока цена над реалната. Општина Битола набавува машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена од речиси 50.000 евра. Иста машина е набавена и од Општина Велес по цена од околу 42.000 евра. Овие цени се 3-4 пати повисоки од реалните, со оглед на тоа што општина Центар, купила иста таква машина, но за 13.000 евра. Разликата е огромна. Битола платила дури 37.000 евра повеќе од Центар, а Велес дури 29.000 евра. Во чии џебови завршила разликата?, велат од партијата.
СДСМ уште еднаш ги повикува надлежното Обвинителство и Антикорупциската комисија да постапат, во врска со овие факти, кои се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.