СДСМ: Лозарите добиваат уште поголема поддршка, 9.600 денари по хектар и 100% зелена нафта

СДСМ-Лозарите-добиваат-уште-поголема-поддршка-9600-денари-по-хектар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со СДСМ лозарите добиваат уште поголема поддршка, велат од оваа партија.


Традиционално пред големиот празник и заштитник на лозарите, Св. Трифун, до сметките на сите лозари, како што информираат од СДСМ, се исплаќаат дополнителна поддршка до 40.000 денари, по хектар и тоа дополнителни субвенции, или 28.000 денари и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка за претрпени штети по лозовите насади, до секој лозар и за винско и трпезно грозје.

Од оваа година СДСМ како што додаваат, спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите.

„60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари.

Од вкупната субвенција, лозарите добиваат 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка.

Од оваа година, субвенциите се исплаќаат авансно, а поддршката за мерката зелена нафта е зголемена на 100%, за сите земјоделци. Лозарите сега добиваат 9.600 денари по хектар поддршка за зелена нафта“, се подвлекува во нивното соопштение.

Најавуваат дека продолжува поддршката со грантови за малите семејни винарии и малите дестилерии.

„Грижата за лозарството и винарството се потврдува со подготвениот нов закон за вино, кој на лозарите им обезбедува гарантирана откупна цена на винското грозје. Законот го зацртува идниот развој на овој сектор и предвидува нова посебна програма за поддршка“, нагласуваат од владејачката партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK