Ако ДПМНЕ не гласа за техничката влада и не ги поддржува сопствените предлози за техничка влада, тогаш нема зошто ниту пратениците од СДСМ да ги гласаат, соопштуваат денес од СДСМ.
Ако не заслужуваат предлозите од ДПМНЕ поддршка од пратениците од ДПМНЕ нема основа да се бара тоа од другите пратеници.
Во таков случај местата во техничката Влада на ДПМНЕ треба да останат празни, а мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат непополнети.
ДПМНЕ согласно закон како и сите други политички партии што имаат министри во техничката влада треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада, соопштуваат денес од СДСМ.