Реакција на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ дека градоначалничката на Град Скопје Арсовска блокира градба на две градинки

данела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Единствена причина поради која се блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала е неписменоста на советниците на ДПМНЕ во Град Скопје. Жалиме што неписменоста на ДПМНЕ се рефлектира континуирано врз секојдневниот живот на граѓаните на градот Скопје, кои нема да добијат нови училишта и градинки бидејќи советниците на ДПМНЕ во Град Скопје се уште не знаат да напишат предлог-одлука која ќе биде спроведлива и во согласност со Законот.

Градот Скопје апелира до ДПМНЕ да престанат да се бламираат во јавност. Доволно е што веќе јавноста е жртва на нивната неписменост и некомпетентност.

Училиштата и градинките кои се финансирани од Владата на Р.Македонија ќе се градат кога за тоа Советот ќе донесе законски и спроведливи одлуки кои нема да бидат во спротивност со член 50 став (1) точка 6, член 62 став (3) од Законот за локалната самоуправа, член 59 од Законот за градење и член 114 од Деловникот на Советот на Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK