Пратеникот Бастри Бајрами од денеска ќе дејствува како независен

bastri bajrami
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Досегашниот пратеник на Движењето Беса, Бастри Бајрами информира дека од денеска ќе дејствува како независен.


-Јас долупотпишаниот пратеник Бастри Бајрами, Ве информирам дека од денес ќе дејствувам како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, се вели во известувањето на Бајрами испратено до спикерот Талат Џафери.

Досега се уште нема никакви официјални информации како ќе дејствуваат доскорешните пратејници на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Коџаџику, кои најавија формирање на ново политичко движење.

По завчерашната средба на Изет Меџити со претседателите на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето Беса Биљал Касами за можна соработка на албанската опозиција, потпретседателот на Беса Аријанит Хоџа исто така во објава на социјалните мрежи се огради од, како што напиша, политичките дејствија во т.н „опозициски блок“.

-Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива немаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор. За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес-конференција во текот на оваа недела, стои во објавата на Хоџа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK