Делегација на пратеничката група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе има средба со Арбер Адеми, претседателот и со членовите на Комисијата за европски прашања.
Како што најавија од собраниската прес – служба, делегацијата на пратеничката група на Парламентот на Република Австрија ќе оствари средба и со Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички во Собранието и со членовите на Претседателството на Клубот.