„Енергетските мерки и политики на СДСМ, создаваат услови цената на електричната енергија да се намали. Цената на струјата за граѓаните во првиот блок од 1 јануари се намалува за 5,16 проценти“, соопшти СДСМ.
„Во вториот блок останува непроменета, во третиот блок има зголемување на цената од 2,88 проценти, а во четвртиот блок за 1,86 проценти.
80 отсто од потрошувачите во државата никогаш не влегуваат во третиот блок, дури и во зимските месеци остануваат во вториот блок. Откако се воведени блоковите, трет пат по ред се намалува цената на електричната енергија во првиот блок.
Дополнително олеснување за домаќинствата е враќањето на дневната евтина тарифа на струјата, секој ден од 13 до 15 часот.
Домаќинствата имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во неделите. Обезбедени се средства за продолжување на мерката за субвенционирање на цената на струјата за граѓаните и малите потрошувачи.
За над 600 илјади семејства во државата Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата и тоа до 90%.
Субвенционирана струја имаат и 68.000 мали потрошувачи во кои се вработени 98% од работниците во приватниот сектор. Со СДСМ граѓаните добиваат повеќе“, се наведува во соопштението на СДСМ.