Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила

 – Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваше на свечена церемонија на крунисување на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети и Кралицата Камила во Вестминстерската опатија во Лондон.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Пендаровски со сопругата вчера присуствувале и на прием во Бакингамската палата, приреден од Кралот Чарлс Трети за странски гости – шефови на држави со кои Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска има дипломатски односи, за претставници на британските региони и прекуокеанските територии, како и за членови на кралското семејство и британската Влада.

– Претседателот и сопругата присуствуваа на настаните во Лондон како одговор на поканата упатена до шефови на држави од британската страна. Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности и постојано се унапредуваат уште од нашата независност. Во 2023 година Република Северна Македонија и Обединетото Кралство одбележуваат јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Leave A Comment